Кривичен суд
Ново рочиште за двојното убиство
14.02.2025 13:11
Главниот обвинет за двојното убиство Љупчо Палевски, повторно бара изземање на обвинителите кои го застапуваат обвинението...

Во Кривичниот суд продолжи судењето на обвинетите за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Главниот обвинет за двојното убиство Љупчо Палевски, повторно бара изземање на обвинителите кои го застапуваат обвинението, Жаклина Јосифовска и Ана Стојковиќ, и за шефот на скопското ЈО, Гаврил Бубевски заради пристрасност. Според Палевски обвинителите дозволиле да се фалсификува доказ-телефонска анализа, со кои подоцна лажно сведочел сведокот Ерол Османи.
Викторија Милевска го следи процесот.
