Баварија
Почна тридневната безбедносна конференција во Минхен
14.02.2025 13:28
Во главниот град на Баварија почна 61. Минхенска безбедносна конференција. Во фокусот – Украина, Блискиот Исток, НАТО и трошоците за одбрана, кибербезбедноста...

Во главниот град на Баварија почна 61. Минхенска безбедносна конференција. Во фокусот – Украина, Блискиот Исток, НАТО и трошоците за одбрана, кибербезбедноста. Се чека дали Американците ќе претстават план за Украина. Руска делегација нема. Македонската делегација, пак, ја предводи премиерот Мицкоски.
Таму е и нашиот специјален известувач, Анита Димитријевска-Велковска.
