Политика

Подготвени сме за разговори за промена на државниот грб, порачуваат од „Вреди“

14.02.2025 14:39

Подготвени сме за разговори, не само за промена на државниот грб, туку и за решавање на сите заостанатите прашања од минатото – „Вреди“ ја прифаќа фрлената ракавица, за СДСМ – ваквите најави се шокантни.

Подготвени сме за разговори, не само за промена на државниот грб, туку за решавање на сите заостанати прашања од минатото, порака од коалицијата „Вреди“'. ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е отпочнат процес на разговори. СДСМ најави дека остро ќе се спротивстави – за опозицијата, изјавите кои доаѓаат од власта се шокантни.

„Вреди“ подготвени за разговор за смена на државниот грб. Се надеваат дека ќе се отвори и темата за 20-те проценти од Уставот. Социјалдемократите велат, остро ќе се спротивставиме.

Министерот Таравари вели дека Македонија е една од ретките постсоцијалистички земји чиј грб не бил променет. Вицепремиерот Меџити посочи дека разговор за темата има, но не и договор, укажувајќи на тоа дека „Вреди“ ќе инсистираат и на менување на одредбата 20 проценти.

Во СДСМ не се изненадени од иницијативата за менување на грбот. Велат, ќе се отворат и други горливи прашања, но ќе се спротивставеле.

„Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДСМ на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Темата за менување на грбот ја обелодени премиерот Мицкоски и додека вреди прифаќаат да дојде до измени извесно е дека идејата е прифатлива и за ДУИ, иако до сега се немаат огласено. Од ЛДП пак веќе пристигна предлог на грбот да стои рисот како обележје на државата.

Миле А. Ристески