Одбележан Свети Трифун- празникот на лозарите
Извозот на флаширано вино во Македонија е во пораст и лани за прв пат е израмнет, колку наливно толку флаширано се продадени во странство. Македонскиот бренд виното се бара, но заминувањето на младите придонесува од година во година да се намалуваат површините под лозје во земјава, нема кој да го одгледува...

Виното како производ, носи голем девизен прилив оти високо котира на извозната листа. Македонија лани за прв пат колку има извезено наливно, толку има извезено и флаширано вино. Велешко-кавадаречко- неготинскиот регион, е познат како виногорје на Македонија, има бројни винарии.
За да ги привлечат гостите, на одредени вина на етикета се забележани географските координати, локацијата каде е одгледано грозјето кое е преработено во сортно вино. Гостите го пијат виното, но и гледаат од каде потекнува. Друга винарија пак успеала да го пласира нивниот производ со етикета на која на кирилица е впишано името на виното. Државата финансиски го помага претставувањето на македонските винарии на престижните вински саеми, со плаќање на закуп на штанд, на површина.
Индивидуалните лозари во велешко ги има сè помалку, има многу напуштени лозја. Тоа го покажуваат и статистичките податоци дека се намалува површината под лозје во земјава. Лозјето се копачи, младите заминаа во странство и нема кој да го одгледува, иако виното е еден од ретките извозни производи кој високо котира на светската ранг-листа.
Петар Печков
