Здравствено осигурување за затворениците
Сите осуденици што издржуваат затворска казна ќе имаат здравствено осигурување веднаш по влегувањето во затвор, а не со едномесечно одложување како досега. Надминат е детектираниот проблем …

Првите луѓе на Управата за извршување санкции и на Фондот за здравство најдоа решение затворениците да имаат здравствено осигурување.
Со тоа, Управата за извршување санкции нема да мора да плаќа виски фактури кон здравствените установи за лекување на затворениците. Веќе пет години се одлеваат големи суми за банален проблемот што никој не се обидел да го реши.
Со високи плати ќе се мотивираат здравствените работници да се вработуваат во затворите.
Сите се согласни дека мора да се работи на подигнување на здравствената заштита на затворениците, бидејќи со години се нотира како проблем и од Брисел и од Народниот правобранител.
Наташа Јанчиќ Менковски
