Безбедносна конференција во Минхен

Денеска во Минхен средба Муцунски-Георгиев

15.02.2025 09:03

Денеска во Минхен прва средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Миуцунски и Георг Георгиев по изборот на новата влада во Софија. Шефот на дипломатија за МТВ изјави дека е добро дијалогот да продолжи и да се разговара за теми што ги обединуваат двете земји …

Министерот за надворешни работи и надворешна политика Тимчо Муцунски денеска на маргините на Безбедносната конференција во Минхен, ќе има средба со шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев. Ова ќе биде прва средба на високи претставници на двете земји по изборот на новата Влада во Софија.

Министерот Муцунски е дел од делегацијата што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен, во чиј состав се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.