Прилепскиот театар слави 75 години, но и по многу ветувања нема нов театар
Прилепскиот театар слави 75 години. Но и по многу ветувања нема нов театар. Сите ветуваа, но нема резултати. Зградата пропаѓа, но актерите велат – не и уметноста. Се знае ли кога Прилеп ќе добие нов театар?

И по 75 години постоење, прилепскиот театар никако да добие нова зграда. Ветувањата и најавите со децении не помагаат да заздрави зградата која пропаѓа, наспроти уметничките достигнувања.
Уметниците создаваат, зградата е дискутабилна.
Има два проекти. Реновирање на центарот за култура „Марко Цепенков“ под чија капа 20 години е театарот, како и доградба за нов театар. За едното има дозвола, за другото стигнува од Министерството за транспорт и врски. Сето е оставено на програмата на Министерството за култура во наредните 10 години.
Прилепскиот театар прославува 75-годишен јубилеј и врвни достигнувања. Новата театарската зграда никако да стигне.
Елизабета Митреска
