Од утре врвен тенис на МРТ
03.08.2014 15:46
По Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Рим шестата станица на најдобрите светски тенисери е мастерс турнирот во Монтреал. Отвотреното тениско првенство на Канада ќе мине без настапот на бранителот на трофејот Рафаел Надал по повредата на коленото на шпанецот, но улогата на прв фаворит е кај Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер и лидерот во АТП поредокот го освојуваше Торонто во 2012-тата и годината потоа и вообичаено како прв носител ќе биде слободен во првото коло, а веќе во второто да добие атрактивен противник во победникот од мечот Степанек-Монфис.На спротивната страна од жребот е швајцарецот Роџер Федерер кој Канада ја освојувал два пати во 2004-тата и 2006-тата. Меѓу 8-те носители во отсуство на Надал се и Вавринка,Бердих, Ферер,Раониќ, Димитров и Мареј.
Од утре во 17 часот па во наредните 7 дена Mакедонската телевизија секојдневно во живо ќе ве пренесува на натпреварите во Рексал центарот.