Стариот струмички театар ќе биде готов за две години
Стариот струмички театар кој се гради 11 години ќе биде готов до крајот на 2026. Основниот проект бил ревидиран а за месец дена ќе биде распишан тендер за целосно завршување на овој проект. Нова зграда на местото на стариот театар кој изгоре во пожар досега ветуваа дури шест министри …

Стариот струмички театар кој почна да се гради пред цели 11 години треба да биде готов до крајот на 2026. Вакви се најавите од актуелниот министер за култура Зоран Љутков. Основниот проект за изградба на овој објект бил ревидиран и наскоро се очекува да биде распишан тендер за завршување на театарот. За годинава обезбедени се околу 8 милиони денари
Стариот струмички театар почна да се гради 2014-тата. Работите одеа преку Завод и музеј Струмица. Тогаш најавите беа дека истиот ќе чини околу 4 милиони евра. Зградата е завршена веќе подолг период но не и внатрешниот дел за да се стави во функција.
Вкупно 6 министри за култура помина стариот струмички театар. Дел од нив доаѓаа и правеа увид на изградбата. Ветуваа дека ќе биде завршен до крајот на годината. Сегашниот Зоран Љутков најави дека ќе биде готов за две години.
Струмичкиот театар во моментов работи во Центарот за култура Антон Панов како организациона единица а зградата на стариот струмички театар изгоре во 2001-ва година.
Ване Трајков
