регион

Србија: Студентите на народен собир за правна држава

15.02.2025 13:44

Вучиќ се обидува да го изгасне огнот што го запалија и што го одржуваат студентите во Србија. Основна порака на протестот е целосно исполнување на барањата на студентите за правна држава, почитување на Уставот и борба против корупцијата …

Четири дена траеше маршот на повеќе стотина студенти до Крагуевац од сите универзитети во Србија, долг 150 километри, од 3 смера-од Нови Сад и Белград, од Ниш и од Нови Пазар. Маршот пеш или со велосипеди беше проследен со полно емоции на поддршка на граѓаните долж населените места во Шумадија, нудејќи им храна и сместување на студентите.

Народниот собор и протестот на студентите во Крагуевац, на кој се приклучија илјадници граѓани од цела Србија, земјоделци со трактори, просветни и културни работници и други професии кои се во генерален штрајк, треба да трае 15 часа.

Основна порака на протестот е целосно исполнување на барањата на студентите за правна држава, почитување на Уставот и борба против корупцијата.

Претседателот Вучиќ кој порача дека сите барања на студентите се исполнети, што беше проследено деновиве со бројни апсења за корупција, како и пораките дека сака дијалог со нив, од 17 часот во Сремска Митровица одржува Сесрпски народен собор на кој треба да се усвои политичка Декларација за Војводина во Србија, како резултата на појавата на идеи за постоење на Војводинска нација, јазик и црква.

Оливер Бранковиќ