Младите потфрлија
03.08.2014 15:48
Последен ден од натпреварите на неколку спортски манифестации во помладите категории на кои патриципираа и нашите селекции. Очекувањата беа големи, но не успеја да не убедат во светлите перспективи на македонскиот спорт.

Последен ден од натпреварите на неколку спортски манифестации во помладите категории на кои патриципираа и нашите селекции. Очекувањата беа големи, но не успеја да не убедат во светлите перспективи на македонскиот спорт.
Разочарувањето дојде од оние категории во кои полагавме големи надежи , особено што последните години на репрезентативен план кај нас минуваат под знакот на успешните настапи на нашите сениорски ракометна и кошаркарска селекција. Оттука и недежите дека во двата спорта кои веќе бележат убава традиција успешни настапи се создаваат нови генерации кои достојно ќе ги заменат актуелните.Но, се случи спротивното.
Нашите ракометари со само една победа над Швајцарија и дури 6 порази од кои во дуелите со Франција, Шпанија и Норвешка можеби и беа очекувани, но не и од Естонија ,Словачка и Израел на крајот европскиот шампионат во Австрија го завршија на последното место што ни оддалеку не кореспондира со настаните пред шампионатот и убедливо минатите квалификации во Скопје. Потенцијал се чини има , но се покажува дека е потребна клубска и репрезентативна стратегија во работата со нашите млади ракометари.
Нашите млади ракиометарки ја имаа предноста на домашниот терен на светското првенство што завршува денеска во Охрид и со пласманот на 17-тото мести или со освоениот Президент куп релативно остварија пласман според очекувањата , иако остана впечатокот дека можеа и чекор понапред, но шансата за пласман меѓу најдобрите 16-ет ја пропуштија со поразот од Аргентина во фазата по групи.Потврда за квалитетот на групата во која играа нашите млади ракометрки е и настапот на дури три селекции во битката за медали: Данска за бронза и Романија и Германија во големото финале.
Ништо подобро не минаа ниту нашите млади кошаркари кои и во Б дивизијата на европското првентсво не успеаја да оствараат солиден пласман, а уште помалку евентуално да се надеваат дека ќе можат да направат исчекор кон најдобрите или во А европската дивизија.
Ако е за утеха во денешниот натпревар за 15-тото место нашите јуниори ја победија Австрија со 74-71 и тоа благодарение на ефикасната игра во завршната четвртина што Македонија ја доби со 24-13 со што го избегнаа последното место во Б дивизијата.
