Со поевтинување на огревното дрво, Владата им излегува во пресрет на посиромашните граѓани

03.08.2014 15:54

Владата преку ЈП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош. Ваквата одлука ќе важи до 30 септември годинава...

Владата одлучи повторно да им излезе во пресрет на посиромашните граѓани и на социјално ранливите групи и ја намали цената на буковото огревно дрво. За луѓето кои живеат во градови можеби тоа не значи ништо и е  безначајна мерка за нив, но за оние што се греат на дрво и живеат во порурални места, а некои од нив и во градови, знам дека ќе им значи многу, рече премиерот Никола Груевски.
 
Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015 денари. Овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“.