КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ
Северна Кореја бара САД да се откажат од воените закани
16.02.2025 09:29
Во извештајот на државниот медиум на Пјонгјанг, се вели дека шефот на северната команда на САД неодамна ја коментирал способноста на севернокорејските интерконтинентални балистички ракети да стигнат до копното...

Северна Кореја бара САД да се откажат од воените закани доколку се загрижени за својата безбедност на копното. Во извештајот на државниот медиум на Пјонгјанг, се вели дека шефот на северната команда на САД неодамна ја коментирал способноста на севернокорејските интерконтинентални балистички ракети да стигнат до копното.
Соопштението од Министерството за одбрана на Северна Кореја следува во време кога државниот секретар на САД оствари средба со јужнокорејски колега Чо Тае-Јул на маргините на Минхенската безбедносна конференција.
