Прилеп

Бесплатни здравствени услуги за ранливи семејства

16.02.2025 13:29

За првпат во Прилепскиот регион, а воедно и во земјава напролет ефективно треба да почне проектот – медицинска сестра во заедницата за граѓаните од социјално ранливите категории, за старите и лицата со попречености. Државата се соочува со недостиг од кадар, а има долга листа на чекање за оваа услуга...

Тим од 10 медицински сестри и 5 социјални работници, педагози и физиотерапевти ќе ги посетуваат социјално ранливите семејства во Прилепскиот регион и ќе им даваат бесплатни здравствени услуги. Ќе се набави медицинска опрема за физиотерапија и за подобрување на мобилноста на лицата кои имаат хронични заболувања. Во регионот, а оттука и за првпат во земјава, ќе профункционира „медицинска сестра во заедницата“.

До април ќе се вработат медицинските сестри и целиот тим.

Од прилепскиот Центар за социјални работи велат дека е потребен кадар за сите проекти и идеи.

Од април се очекува да почне првиот проект во земјава „медицинска сестра во заедницата“ и да трае до септември 2026 година.

 

Елизабета Митреска