Здравство

Вирозите, грипот и настинките ги полнат педијатриските амбуланти

16.02.2025 14:28

Вирозите и грипот ги полнат амбулантите и во Охридскиот регион. Лекарите се преоптоварени од работа. Најпогодени се децата …

Вирозите, грипот и настинките ги полнат педијатриските амбуланти во охридско. Најпогодени се хронично болните, но и децата. Најчести симптоми се кашлица, температура, болки во грло, малаксаност и бронхопневмонии.

Лекарите велат се соочуваме со силен бран на вирози. Дневно се случува да имаат по 60 тина прегледи.

„Наеднаш со слабост, фебрилни состојби, болки во мускули, општа слабост поготово кај малите деца тоа е поалармантно. Општа слабост дехидратација, повраќање се чести симптоми кај нив. Треба одма да се реагира бидејќи може да дојде до компликации“, изјави д-р Никола Филев педијатар од Охрид.

Терапијата е витамини, здрава храна и течности. Антибиотици само по препорака на лекар, децата да не се пуштаат во градинка или училиште, советуваат лекарите.

„За почеток терапијата поготово кај малите деца е да се хидрираат често, течности внес поголем, витаминска терапија, стимулатори имунолошки кои помагаат и ја намалуваат реакцијата на грипот и вирозите. Ова е контактна болест, заразна во овој период ако е детето болно треба да се изолира“, вели д-р Филев.

Според лекарите последниве години и патологијата на вирозите е изменета, има се поагресивни вируси со потешки симптоми.

Соња Рилковска