Македонија

Во Скопје нов протестен марш

16.02.2025 12:30

Протестниот марш почнува во 16:30 часот. Ќе продолжи кон владата во 17 часот, потоа кон Собранието во 17:45 и пред Апелациониот суд во 18:30...

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“, организиран протестен марш со почетна локација пред Универзална сала во Скопје каде што беше усмртена младата Фросина Кулакова. Протестниот марш почнува во 16:30 часот. Ќе продолжи кон владата во 17 часот, потоа кон Собранието во 17:45 и пред Апелациониот суд во 18:30.

„Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин“, се вели во соопштението на организаторите.