Ќе биде ли вклучена ЕУ во преговорите за мир во Украина?
Ќе биде ли вклучена Европската унија во преговорите за мир во Украина? Трамп не сака да преговара со сојуз на држави туку поединечно, на Украина пак, и одговара вклучување на Европа во преговорите, вели за МТВ Златко Апостоловски, експерт за безбедност...

Спроти процесите за разврска на украинскиот јазол во НАТО почнуваат да се одмеруваат силите и придонесите на државите членки како влијанија во тој глобален одбранбен систем. Трамп не сака да преговара со сојуз на држави туку поединечно, на Украина, пак и одговара вклучување на Европа во преговорите, вели за МТВ Златко Апостоловски, експерт за безбедност. Мора да се имаат предвид ставовите на Трамп во однос на фиксираните позициите на Русија колку зазела од територијата на Украина, како и тоа дека Русија во оваа војна влезе не за да изгуби туку да победи, бидејќи од тоа ќе зависеше дали Русија ќе остане глобален играч или ќе ја изгубеше таа позиција. Но тој сепак ќе ја подотвори вратата за Унијата.
Јасно е дека после Брегзит Велика Британија и САД се наклонети по што Франција ја презеде водечката улога во Унијата. Сега Макрон мора да работи на зајакнување на позицијата на Европа во однос не само на американската туку и во однос на руската и кинеската позиција, додава Апостоловски.
Многу е битно земјава како членка на НАТО, како ќе го фати чекорот во новонастанатите глобални прегрупирања и поместувања на силите во светот. Освен украинската ја има и кризата на Блискиот исток. Со ставот на Трамп за Газа станува јасно дека Америка се врти кон своите интереси и позиции пред сè, и нема време за другите земји. Сето ова ќе има последици врз глобалните политики.
Фиљана Кока
