Азиски стршлен забележан во Аеродром?!
Од убод на Азиски стршлен само во Франција починале шест луѓе. Во Европа прв пат е забележан пред 9 години...

Климатските промени не донесоа самонаезда на комарци мушички, туку и големи и опасни инсекти.
„Ова е тој, има портокалова глава, огромен инсект“. Азиски стршлен, вели скопјанецот Горан Василевски, кој во едно од паркчињата во општината Аеродром го видел инсектот.
„Ова мора да е тоа, азизки стршлен. Треба да се преземе нешто, да се испрска. Ова е страшна работа“, вели Горан Василевски.
Жителите од околните згради се изнандени од појавата на стршленот.
„Сега прв пат можев да видам таква голема бубачка. Треба да се прска. Опасно е. Деца си играат тука...Тие можат одеднаш, да се појават...“, велат жителите.
Стршлените се опасни и за луѓето кои не се алергични, велат докторите. Оние што ќе бидат касанати треба да бараат лекарска помош.
За каков инсект се работи повеќе ќе дознаеме од ветеринарниот институт утре. Дали навистина се работи за Азиски стршлен. И дали жителите на Аеродром кои беа вознемирени имаа право?!
Од убод на Азиски стршлен само во Франција починале шест луѓе. Во Европа прв пат е забележан пред 9 години во Франција, од таму се проширил во Велика Британија, Шпанија, Италија, Словенија.
Наташа Јанчиќ
