Трибина

„Реформи во судството, чекор кон ЕУ“, трибина на ВМРО-ДПМНЕ

16.02.2025 17:11

ВМРО-ДПМНЕ со партиска трибина на тема: „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“. Соговорниците со став-итна смена на државниот јавен обвинител Коцевски и мерки за решавање на проблемот што со години се провлекува во судскиот систем. Да се воспостави ред и сериозна борба на криминалот и корупција...

Коцевски штител лични интереси, работел надвор од законот. Владата одлучи да презеде чекори за негово разрешување поради нетранспарентното работење, но најважно од се поради ниската доверба во правосудството, вели владината портпаролка Марија Митева на партиската трибина. Ваквата постапка, посочи таа била оправдана, зашто на Коцевски му бил даден рок да испорача резултати.

Судиите коишто кокетираат со политиката се оние коишто ги поткупуваат човековите права во државата, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Не е форма на притисок кога сакате да направите реформи, во сите извештаи на Европската комисија е нотирана нефункционалноста на Судскиот совет, наведува Лефков.

„Оние судии коишто се дрзнуваат така да кокетираат со политиката како што го видовме примерот со судијката, се оние коишто ги поткупуваат човековите права во државата и коишто го поткупуваат реформскиот пат на Македонија и токму заради тоа ги обелоденуваме таквите случаи. Иако имавме безброј повикувања овде од говорница да излезат, да се охрабрат и да кажат дали политичката партија ја финансира судијата со тоа што и плаќа закуп или од друга страна пак судијката преку своето семејство се појавува како донатор на таа политичка партија, не добивме одговор“, вели Лефков.

Во однос на интерпелација за членовите на Судскиот совет истакнаа дека таа е добар показател за никогаш повеќе да не се повторат такви дејствија. На партиската трибина посочено – да се преземат мерки и чекори за намалување на криминалот и корупцијата кои се длабоко вкоренети во судството.

 

Мирјана Пиштолова