Почна постапката за отпис на долговите!
Од државната каса ќе бидат платени неподмирените сметки за струја, парно, радиодифузна такса, негативните салда на кредитните картички и трансакциските сметки и кредитите кои не се обезбедени со движен и недвижен имот...

Стартуваше процедудурата за отпис на долговите направени до 31 декември 2013-та за граѓаните од социјално ранливата категорија. Mинатата недела излезе огласот за пријавување на фирмите, кај коишто државата ќе ги раздолжува граѓаните. Премиерот Груевски повика на ажурност кај доверителите за оваа еднократмна законска мерка што поефикасно да заврши.
„Очекуваме да се вклучат сите оние коишто се во план, апелирам до нив тоа се ЕВН, Топлификација, банките и голем дел други субјекти кои се дел од оваа приказна. Кон средината на август ќе излезе и огласот наменет за граѓаните коишто ценат дека ги исполнуваат условите предивдени во овој Закон“, рече премиерот Никола Груевски.
Од државната каса ќе бидат платени неподмирените сметки за струја, парно, радиодифузна такса, негативните салда на кредитните картички и трансакциските сметки и кредитите кои не се обезбедени со движен и недвижен имот.
Право на вакво еднократно отпишување на долговите ќе имаат три категортии на граѓани .
- Корисни на социјална или постојана парична помош;
- Невработени кои над 12 месеци барале работа;
- Лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидитет.
Очекувањата се дека од 50- 100.000 граѓани ќе ја искористат можноста да ги расчистат долговите без многу талкања по шалтерите. Ќе им биде потребна само лична карта, венчаница и писмена согласност - останатите документи по службена должност ќе ги обезбеди комисија во Министерството за труд и социјална политика.
Огласот за пријавувањето на граѓаните ќе трае 7, а целата процедура за отпис на долговите 30 дена.
Виолета Димовска
