ИНДИЈА
Најмалку 18 лица загинаа во стампедо на железничка станица во Њу Делхи
16.02.2025 18:16
Голем број од жртвите биле хинду аџии кои патувале на фестивал во северна Индија...

Најмалку 18 лица, меѓу кои 14 жени, загинаа во стампедо на железничка станица во главниот град на Индија, Њу Делхи. Голем број од жртвите биле хинду аџии кои патувале на фестивал во северна Индија.
Инцидентот се случил откако патниците се симнувале од пешачки мост што ги поврзува железничките перони, соопштија властите.
