авиосообраќај

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

16.02.2025 18:43

180 туристи од Франкфурт и Дизелдорф со чартер лет на „Freebird airlines“ слетаа на Меѓународниот аеродром Скопје. Оваа авиокомпанија е потврдена како оперативен превозник за голем број чартер летови до Скопје од Германија, Обединетото Кралство и Франција следната година. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи до крајот на годинава …

Првите 180 туристи од Франкфурт и Дизелдорф слетаа на скопскиот аеродром со првиот чартер на германската авиокомпанија „Фрибрд“. Од 13 европски градови од Германија, Обединетото Кралство и Франција, „Фрибрд“ секојдневно ќе слетува на скопскиот аеродром. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи до крајот на годинава.

Добредојде на туристите им посакаа и ги пречекаа министрите Николоски и Љутков. Очекуваат дека овие чартери ќе придонесат за развој на туризмот и хотелиерството, но и локалната економија.

Македонија има историја која треба да се слушне, природни убавини што треба да се видат и храна што треба да се вкуси. Потребно е само добро да се промовираат ресурсите што ги има.

Се очекува да има летови од Франкфурт, Дизелдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз Шарл де Гол, Лион и Марсеј.

 

Александра Велинова