Македонија

Правда за жртвите и ред во сообраќајот, нов протестен марш во Скопје

16.02.2025 19:55

Правда за жртвите и ред во сообраќајот. Стотици млади, организирани од граѓанската иницијатива „Кој е следен“, на нов протестен марш. Почнаа од пред Универзална сала каде што беше усмртена Форсина Кулакова. Продолжија пред Владата, а потоа кон Собранието и пред Апелација...

Со фотографии од своите сестри во рацете, со неизмерна тага и солзи се сретнаа семејствата на Фросина Кулакова и Теодора Ристевска, која била прегазена на пешачки премин во Тетово. Кротки во својата болка, скромни во своите желби, бараат само правда за прерано загубените животи.

Но не само на Фросина и Теодора, во Скопје дојдоа и семејства на загинати во сообраќајки кои талкаат по правда за своите најблиски. Маршот почна на „Партизански одреди“ каде што беше прегазена Фросина на 29-ти јануари, оттаму поминаа пред Владата, пред Собранието и Апелацискиот суд. 

Бараме правда извикуваа граѓаните кои се собраа на протестен марш тие бараат правда за Фросина, бараат правда за сите жртви коишто загинале во сообраќајни несреќи тие бараат институциите да почнат да работат и правдата да биде задоволена.

Со три минутен молк, собраните граѓани побараа институциите да не молчат да работат.

Наташа Јанчиќ-Менковски