Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-П.Шапка, кој во моментов не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патните правци Крива Паланка-Страцин и Тетово-П.Шапка, кој во моментов не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот премин Стража и во Маврово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
