Еболата- закана за светскиот поредок!

03.08.2014 17:16

Докторите предупредуваат- смртоносниот вирус избега од контрола- се шири со неверојатно темпо ...

Нова закана за светскиот поредок. Додека дел од светот војува и се бори со оружје во рака, останатите во сериозен страв од епидемијата од ебола. Докторите предупредуваат- смртоносниот вирус избега од контрола- се шири со неверојатно темпо и веќе никакви напори на лекарите не можат да го контролираат.

Да се преземат мерки против проширувањето на еболата во другите земји. Да се фокусираат на погодените подрачја. Епидемијата може да има катастрофични  последици, но сепак може да биде ограничена, ако се преземени потребните мерки“, изјави Маргарет Чен, директор на СЗО.

Погодените подрачја во Африка одлучија епицентарот на епидемијата да биде изолиран од војската и полицијата. И додека борбата продолжува на овој континент, двајца американски пациенти заразени со ебола при нивниот хуманитарен ангажман во северна Африка, пристигнаа на лекување во Атланта. САД се сериозно загрижени.

САД многу сериозно го разгледуваат ризикот од смртоносниот вирус ебола и преземаат адекватни мерки, од тие причини, некои учесници на самитот на африканските земји, кој се одржува во вашингтон ќе бидат тестирани заради претпазливост“, изјави претседателот Барак Обама.

Стравот не изостанува ниту пак на балканот. Србија засилено се подготува за смртоносната зараза. Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека белградскиот и нишкиот аеродром ќе бидат под мерки на засилен надзор и дека ќе биде засилено присуството на граничната санитарна инспекција.

Надлежните во Македонија тврдат  дека ризикот од проширување во земјава е мал и нема простор за паника.

Овој смртоносен вирус за прв пат се појавил далечната 76 година во Конго, но сегашната епидемија во западна Африка е најголема во историјата. Според СЗО, од почетокот на февруари, од ебола починале над 700 лица, а регистрирани над 1.300 случаи на заболување. Смртноста може да достигне и до 90 проценти.

Бојана Крстевски