Зеленски ќе биде вклучен во разговорите за прекин на огнот, потврди Трамп
Американскиот претседател Трамп потврди дека украинскиот претседател Зеленски ќе биде вклучен во разговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина. Преговорите ќе се одржат во саудискиот главен град Ријад, пишуваат светските медиуми...

Американскиот претседател Трамп потврди дека украинскиот претседател Зеленски ќе биде вклучен во разговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина. Преговорите ќе се одржат во саудискиот главен град Ријад, пишуваат светските медиуми.
„Се обидуваме да постигнеме мир со Русија, Украина и работиме многу напорно на тоа. Тоа е војна што никогаш не требаше да започне. Мислам дека Путин сака да престане да се бори. Го гледам тоа. Зборувавме долго и напорно. Стив Виткоф беше со него многу подолг период, околу три часа. Мислам дека сака да престане да се бори. Имаат голема, моќна машина, го разбирате тоа? Затоа што ако Путин продолжи, тоа ќе биде голем проблем за нас, тој едноставно не може да дозволи тоа да се случи. Мислам дека сака да стави крај. И тие сакаат брзо да го завршат тоа, и двајцата, а и Зеленски сака да му дојде крај на тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски е во официјална посета на главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби … Приоритет на посетата е да се вратат повеќе Украинци од руско заробеништво. Емиратите играат клучна улога како посредник во размената на затвореници меѓу Киев и Москва.
