Четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа
Министерството за локална самоуправа денеска ќе организира четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа...

Министерството за локална самоуправа денеска ќе организира четврти консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кој ќе го отвори министерот Златко Перински.
Меѓу учесниците ќе бидат дел од експертскиот тим вклучен во процесот – проф. д-р Александар Спасеновски, проф. д-р Гордан Георгиев и проф. д-р Мемет Мемети. На настанот ќе присуствуваат и градоначалниците на општини на Скопје, градоначалници на општини од Скопскиот и од Североисточниот плански регион, претставници од УНДП и од невладини организации.
Настанот се организира со поддршка од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и единици на локална самоуправа.