Европските лидери денеска во Париз на итен состанок за безбедноста на континентот
Итен состанок во Париз на земјите-членки, британскиот премиер Стармер, генералниот секретар на НАТО Руте и претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, на кој ќе се разговара за Украина, соопшти француското претседателство. Средбата следува откако специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека Европа нема да има место на преговарачката маса за ставање крај на војната.

„Претседателот на Републиката ќе ги собере главните европски нации на дискусии за европската безбедност. Тие дискусии не се реакција на изјави на кој и да е, бидејќи како што реков минатата среда, Европејците ќе бидат собрани да разговараат за неколку теми“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција
Макрон за Фајненшл Тајмс изјави дека Трамп отворил прозорец на можности за преговарачко решение на конфликтот, каде што секој мора да ја игра својата улога, додавајќи дека на Зеленски е да разговара за прашањата за територијата и суверенитетот.