БЛИСКИ ИСТОК

Американскиот државниот секретар ги поддржа воените цели на Израел во Појасот Газа

17.02.2025 09:08

Во турнеја на Блискиот Исток е државниот секретар на САД. По средбите со израелскиот државен врв, Рубио целосно ги поддржа воените цели на Израел во Појасот Газа, а Хамас мора да се искорени...

Во турнеја на Блискиот Исток е државниот секретар на САД. По средбите со израелскиот државен врв, Рубио целосно ги поддржа воените цели на Израел во Појасот Газа, а Хамас мора да се искорени. Беше разговарано за заканите од Иран и влијанието во регионот. Израелскиот премиер Нетанјаху одново го поздрави предлогот на американскиот претседател Трамп за префрлање на палестинското население од Газа и негово обновување под американска сопственост.

„Претседателот Трамп претстави храбра нова визија. И единствениот план што мислам дека може да функционира за да се овозможи поинаква иднина за луѓето од Газа, за народот на Израел, за околните области. Зошто да не им се даде на луѓето во Газа избор? Сите велат дека ова е најголемиот затвор на отворено во светот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Ејал Замир е новиот началник на Генералштабот на израелските одбранбени сили на две недели пред завршувањето на првата фаза од договорот за примирје во Газа. По зачестените напади во јужен Либан, Хезболах побара либанската влада да изврши притисок врз Израел за да се почитува прекинот на огнот.