Македонија

Денеска најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

17.02.2025 09:09

Од минус три степени утрово е измерена во Маврови Анови, а највисока од 6 степени Целзиусови во Гевгелија...

Најниска температура од минус три степени утрово е измерена во Маврови Анови, а највисока од 6 степени Целзиусови во Гевгелија.

УХМР информира дека-2 степени Целзиусови се измерени во Попова Шапка, -1 во Крива Паланка, 1 во Крушево, Виница и во Тетово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово Охрид, Битола, Велес и Претор, 3 во Кавадарци и Прилеп, 4 во Демир Капија и Струмица и 5 степени во Скопје-Петровец.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Крива Паланка.