САД
Најмалку девет лица загинаа во поројните дождови во југоисточниот дел на САД
17.02.2025 09:10
Повеќе од 100 милиони Американци беа под тревога поради поплави, лизгање на земјиште, снег и силен ветер...

Најмалку девет лица загинаа во поројните дождови што зафатија делови од југоисточниот дел на САД, потопувајќи патишта и куќи.
Повеќе од 100 милиони Американци беа под тревога поради поплави, лизгање на земјиште, снег и силен ветер. Десетици илјади останаа без струја. Кентаки, Џорџија, Алабама, Мисисипи, Тенеси, Вирџинија и Северна Каролина беа под тревога за бура.
Речиси сите тие држави претрпеа катастрофални штети во септември од ураганот Хелен.
