Eкспертите предупредуваат – берзите може да крахираат, пазарот е расцепкан!

03.08.2014 17:25

Колку е поголема трговијата толку повеќе се индикативни вредностите на јавните берзански курсеви. Со приватните берзи таканеречените ДАРК Пуловите - се обидува да се справи и Американската економија...

Можен е нов крах на светските берзи -  предупредуваат експертите. Структурата на финансиските пазари може да удри по системот. Конторлата ја отежнува расцепканоста на многу мали пазари, приватни берзи на банки, осигурувања или хеџ фондови. Тие доминираат, а трговијата ја реализираат надвор од регулаторните пазари на харии од вредност . Јавно ги објавуваат само зделките, нема детали од продажбата ниту купувањето. 
 
Колку е поголема трговијата толку повеќе се индикативни вредностите на јавните берзански курсеви. Со приватните берзи таканеречените ДАРК Пуловите -  се обидува да се справи и Американската економија. Покрај 13 регуларни во САД , има околу 50 платформи преку кои според анализите се одвива скоро половина светскато тргување. 
 
На Волстрит оптимистичко расположение со раст на индексите почетокот на јули, но познавачите посочуваат потребна е поголема транспарентност, што се прави во приватните берзи, да не се привилегираат за да не ги злоупотребат бенифиците што ги имаат.
 
Ако трговијата се отвори на повеќе понудувачи, ќе биде тешко да се уловат сите трансакции. Како пример се посочува, блиц крахот во 2010- тата кога Дау Џонс за само неколку минути доживеал пад од 1.000 поени. Се уште никој нема идеа што може да се стори – заеднички став на експертите.
 
А, меѓу нив и оптимисти, пазарот е благопријатен за инвеститорите, брз и технолошки развиен. Од аналитичарот Лери Таб предлог- да се повлече рачна кочница, да се запре трговијата за да не се случи крах. 
 
На македонскат берза нема поголеми поместувања. Во Македонија сеуште се уште преовладува мислењето дека земањето банкарски кредит е поедноставно и помалку ризично решение.
 
Берзанските пазари минатата година забележаа нереални позитивни перфорамснии. Почетотокот на годинава аналитичарите на свестко ниво беа разочарани околу дисбалансот на профитот и очекувањата од пазарот кој доколку го врати профитот на разумно ниво, ќе доведе до крах 30 до 35 насто од берзанските индекси. 
 
Сузана Фиданска- Стоевска