МВР

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

17.02.2025 10:12

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар, Горан Герасимовски, спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.

„Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот „Безбеден град“, којшто опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видеонадзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.