Тимот на Шекил победник на НБА Ол-стар
Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари е прогласен за МВП на НБА Ол- Стар собирот во Сан Франциско. Кари имаше 20 поени во два меча, 10 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.
Победник на НБА Ол- стар турнирот е тимот на Шекил О’Нил којшто во полуфиналето (42:35) го победи тимот на Тим Кендис, кој се пласираше на главниот настан преку турнирот „Ѕвезди во подем“ (42:35), а потоа во финалето го совлада тимот на Глобал Старс (41:25).
Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари е прогласен за МВП на НБА Ол- Стар собирот во Сан Франциско. Кари имаше 20 поени во два меча, 10 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.
Најдобар стрелец на тимот беше ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум, кој постигна 21 поен (9 од 11 од поле и 3 од 5 надвор од лакот), вклучувајќи 15 во финалето.
