Економија

Николоски: Градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст

17.02.2025 18:46

Градежништвото, посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот Николоски...

Градежништвото, посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп- Битола, на Тетово- Гостивар и Гостивар- Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп- Градско, претходоно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 км експресни патишта и 31 км пруга“, изјави Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој, затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што Владата ќе работи во наредниот период.