Регион
Земјотресите во Санторини не запираат
17.02.2025 12:05
Од 26-ти јануари заклучно со 14 февруари, биле регистрирани над 19.200 земјотреси...

Земјотрес од 5,1 степен по Рихтер регистриран утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос. Неколку минути претходно имаше помал потрес од 4,2 степена, додека во текот на ноќта беа регистрирани земјотреси со слична магнитуда.
Од 26-ти јануари заклучно со 14 февруари, биле регистрирани над 19.200 земјотреси.
Поради сеизмичка активност, училиштата на островите Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе бидат затворени трета седмица по ред.
