Здравство

Ниската капитација ги затвора ординациите на матичните лекари

17.02.2025 12:38

Се повеќе се затвораат ординациите на матичните лекари. Ниската капитација која ја добиваат од Фондот за здравствено осигурување не е доволна за да преживеат...

Начинот на финансирање на матичните лекари мора да се промени – младите доктори што отвораат ординации не можат да опстанат, предупредуваат од Здружението по општа и семејна медицина.

Оттаму им укажуваат на властите дека инфлацијата го изеде зголемувањето на капитацискиот бод, па зголемувањето не може да им помогне на оние кои немаат доволен број пациенти. Исто е и со лекарите во руралните средини, вели Ѓорѓиевски, немаат медицински сестри бидејќи никој не сака да работи за минималец.

Државата бараше од општите лекари да имаат специјализации по семејна медицина, а сега не им ги признава и не ги плаќа, реагира Ѓорѓиевски.

За десет години бројот на матичните лекари е намален за 400.

Грипот ги полни амбулантите на матичните лекари, во една смена имаат од 70 до 90 пациенти, лекарите велат успешно се справуваат со грипот, успешно ги лекуваат пациентите, но дали надлежните ќе ги излекуваат нивните проблеми со кои со години се соочуваат.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски