Човечка грешка-причина за судирот
Системите за сигнализација на пругата на железничката станица „Рајко Жинзифов“ каде што синоќа се судрија патнички и товарен воз функционирале беспрекорно. Ова го покажала првичната анализа по направениот увид на екипите на „МЖ Транспорт и Инфраструктура“. Човечка грешка најверојатно е причината за несреќата во која нема повредени.
Патниците кои патувале со возот кој сообраќал на релација Скопје - Гевгелија, велат „на станицата Рајко возот додека стоешe, покрај него помина товарниот. По кратко време тргна патничкиот и потоа се случи несреќата, изјавија очевидците за МРТ.

Познавачите на ваквите состојби велат дека е среќа што патничкиот воз се движел многу бавно, па од ударот дошло до извртување на еден товарен вагон и изместување на два, а по инерција од ударот на останатиот дел од вагоните се лизнала и локомотивата. Колкав материјалната штета е причинета, дополнително ќе се утврдува.
Железничкиот сообраќај кон Скопје сеуште е во прекин. Се работи на оспособување на пругата по која дневно минуваат по триесетина воза. Информациите од Македонски Железници се дека сообраќајот вечерва ќе биде нормализиран.
Новинар: Дијана Иванова
Снимател: Никола Василков