СДСМ со конкретни законски решенија за поевтина струја и пониски цени за граѓаните
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи посочи дека овие законски измени ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард, во услови кога граѓаните се на раб на егзистенција поради погрешните владини политики.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата во Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој се предвидува укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%, како и намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%. Овие законски измени, според СДСМ ќе придонесат за реално намалување на цените на прехранбените производи.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи посочи дека овие законски измени ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард, во услови кога граѓаните се на раб на егзистенција поради погрешните владини политики.
„Како одговорна опозиција, предлагаме конкретни законски измени кои ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на данокот за електричната енергија од 18% на 5%, но и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%. Со овие предлог-измени, бараме системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ“, рече Битиќи.
Предложените законски измени, како што рече Битиќи ќе придонесат за реално намалување на цените на прехранбените производи и за намалување на цените на електричната енергија.
