Земјоделските задруги можност за земјоделците да добијат подобри услови за работа
Со здружувањето во земјоделски задруги, земјоделците очекуваат дека ќе се намали трошокот за набавка на семе, вештачко ѓубриво, но и ќе може директно да преговараат за пласман, а нивните производи во маркетите, со што потрошувачите ќе добијат пониски цени, без дополнителни маржи од препродавачите…

Земјоделците иако засега во мал број, гледаат спас за нивните проблеми, преку здружувањето во земјоделските задруги. Велат дека не е исто дали како поединец ќе набавуваат репроматеријали, вештачко ѓубриво, семе или ќе настапуваат заеднички, организирано.
Земјоделците во земјоделските задруги очекуваат дека преку нив ќе имаат можност за подобар пласман на нивниот род, и директно до маркетите, со што корист ќе имаат потрошувачите преку пониската цена.
Преку земјоделските задруги членовите оптимистички најавуваат дека ќе го вратат животот во селата, ќе се модернизира одгледувањето на стоката и зголеми родот и приносот.
Изминатиот период ЕУ финансиски со 260 илјади евра помогна осум земјоделски задруги во Македонија во нивната работа. Нив најмногу ги има, најбројни се во струмичко и ресенско.
Од Министерството за земјоделие најавија дека работат на промена на законите, по што членовите на земјоделските задруги ќе се покрива нивната плата до 60 отсто, а набавката на опрема ќе се субвенционира од државата до 90 отсто.
Петар Печков
