Рокас: Постои неотповиклива желба на ЕУ да помогне во евроинтегративниот процес
Нема нови барања, но не отстапуваме од старите. Радев со порака до Македонија. За Милошоски уставни измени со одложено дејство се рационален аргумент...

Македонија е исправена пред политичко прашање за патот кон Унијата-оценува евроамбасадорот Михалис Рокас. Според него добро е што се сретнале министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Георг Георгиев. Рокас посочи дека официјален Брисел останува стабилен партнер пристапниот процес.
Власта останува на идејата за одложена примена на уставните измени. Лошите искуства во минатото се доволно силни аргументи Македонија, со право, да побара одредена извесност за патот кон Европската Унија-вели потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.
За првиот човек на Институтот за демократија Трошановски, ваквиот став нема да спречи идни блокади.
Од официјална Софија со став дека нема да влезат во дијалог за заобиколување на францускиот предлог. Македонија треба да го спроведе европскиот консензус од 2022 година, а Бугарија нема да постави нови барања, но истовремено не прифаќаме промени на постигнатите договори, порачал бугарскиот претседател Румен Радев во разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Европските интеграции остануваа стратешка цел на земјава, во таа насока е и дипломатската офанзива на македонската влада.
Марина Стојанева - Тонева
