Анкета

Поддршката за евроинтеграцијата стабилна, 20% од граѓаните прифаќаат уставни измени

17.02.2025 15:36

Според резултатите од анкетата спроведени од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, 62% од населението ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ, што е мало зголемување во однос на минатата година. Сепак, постојат значителни разлики во ставовите помеѓу етничките заедници...

Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи нужните уставни измени за продолжување со процесот.

Според резултатите од анкетата спроведени од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, 62% од населението ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ, што е мало зголемување во однос на минатата година. Сепак, постојат значителни разлики во ставовите помеѓу етничките заедници. Додека 82% од Албанците ги поддржуваат аспирациите за членство во ЕУ, кај Македонците овој процент е 56%.

Браун смета дека причините за евроскептицизмот несомнено лежат во разочарувањата од минатото и проблемите со соседните земји.

Анкетите покажуваат дека скоро третина од испитаниците сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ во наредниве 10 години, додека 12 насто сметаат дека земјава ќе се интегрира во ЕУ за 5 години.

Европската унија останува најголемиот економски партнер и донатор на земјата. САД е на втора позиција со 22% како економски партнер и 17% како донатор.

Игор Панов