Случаи на шуга во основно училиште во кумановско Романовце
Кај еден ученик од кумановско Романовце е потврдено присуство на шуга. Уште тројца потенцијално заболени се во изолација. Епидемиолози и специјалисти по хигиена го посетија училиштето...

Кај еден ученик од кумановско основно училиште „Кирил и Методиј“ од Романовце, е потврдено присуство на шуга. По препорака на специјалист доделена е терапија, и ученикот е изолиран дома. Поради сомневање и неговата сестра која е ученичка е во изолација, но и уште двајца ученици иако кај нив не е потврдена болеста. Училиштето за случаите ги известило надлежните служби. Преземени се мерки против понатамошно ширење на болеста. Настава продолжува редовно. Во училиштето се образуваат над 300 ученици.
„Имаме преземено мерки дезинфекција на училиштето, исчистено сите простории дезинфицирани се од наша страна. Денеска дојде и докторка епидемиолог, разговараме како понатаму да се постапи, кои се советите. Наставата продолжува со нормален тек. Наставничката по биологија има држено час за инфективни болести, децата ги запознаеме со појава на скабијас“, истакна директорот Рушити.
Специјалисти по хигиена и епидемиолози на Центарот за јавно здравје Куманово денеска го посетија училиштето. Доставени се дополнителни средства за дезинфекција. Повеќе детали најавија по завршување на увидот. Шугата е состојба на иритирана кожа. Децата се најизложени на оваа болест. Истата лесно се шири преку блиски контакти и најчесто се заразуваат повеќемина во едно семејство.
Елена Георгиевска
