Македонија
Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
17.02.2025 19:29
По владината седница во рок од 15 дена Советот на јавни обвинители ќе треба да даде мислење по образложените причини од страна на Владата за Коцевски да биде разрешен од функцијата...

Предлогот за разрешување на државниот обвинител утре на владина седница. Потоа во рок од 15 дена Советот на јавни обвинители ќе треба да даде мислење по образложените причини од страна на Владата за Коцевски да биде разрешен од функцијата.
Според министерот за правда и доколку се изјаснат негативно, процедурата ќе продолжи во Собранието. Дали ќе си замине од функцијата ќе одлучуваат пратениците.
Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
