Временска прогноза

Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег

18.02.2025 08:06

Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец...

Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер.