Влада

Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница

18.02.2025 08:13

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски од Министерството за правда денеска се очекува да биде разгледан на владина седница. Мислењето ќе се достави во Советот на јавни обвинители, кој треба да донесе одлука. Доколку не го разреши Советот, процедурата ќе продолжи во законодавниот дом...

Предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски од Министерството за правда денеска се очекува да биде разгледан на владина седница. Мислењето ќе се достави во Советот на јавни обвинители, кој треба да донесе одлука. Доколку не го разреши Советот, процедурата ќе продолжи во законодавниот дом.

Министерството за правда верува дека Коцевски треба да биде разрешен заради, како што наведуваат, низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал.