АМСМ
Сообраќајот на патишта се одвива во зимски услови
18.02.2025 08:43
Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во раните утрински часови се бележат во Страцин, Кочани и Демир Капија, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 м. има на планинскиот превој Буково, информираат од АМСМ.
