БЛИСКИ ИСТОК

Израелските трупи почнаа со повлекување од пограничните села во Либан

18.02.2025 08:56

Од израелската одбрана потврдија дека само мал број војници ќе останат на пет стратешки локации на југот од земјата до целосното спроведување на договорот со Бејрут...

Израелските трупи почнаа со повлекување од пограничните села во Либан, неколку часа пред крајниот рок за спроведување на примирјето со Хезболах кој истекува денеска.

Од израелската одбрана потврдија дека само мал број војници ќе останат на пет стратешки локации на југот од земјата до целосното спроведување на договорот со Бејрут.

Во истовреме додека во Каиро продолжуваат преговорите од договорот за втората фаза со Хамас, Египет спротивно на САД најави дека ќе предложи безбедни области во Газа, каде што ќе живеат Палестинците додека Појасот се обнови.