Канада

Осумнаесет повредени по превртување на авион во Канада

18.02.2025 09:02

Осумнаесет луѓе се повредени при авионска несреќа на аеродромот Пирстон во Торонто откако авион на „Делта ерлајнс“ со 80 патници и екипаж се преврте при слетување на пистата...

Осумнаесет луѓе се повредени при авионска несреќа на аеродромот Пирстон во Торонто откако авион на „Делта ерлајнс“ со 80 патници и екипаж се преврте при слетување на пистата. Истрагата за несреќата е во тек.

„Причината за падот сè уште е под истрага. Она што можеме да го кажеме е дека пистата беше сува и немаше услови за спротивен ветер. Противпожарните служби брзо реагираа и го изгасија пожарот. Во овој момент веќе се одвиваше самоевакуација. 18 повредени патници се пренесени во локалните болници“, изјави Тод Ајткен, шеф на пожарникарската служба во Торонто Пирсон.

Според надлежните меѓу повредените се и две деца.