Мабус: САД остануваат силен поддржувач на евроатланските интегрции на Македонија
03.08.2014 18:06
На средбата во претседателскиот кабинет, претседателот Иванов истакна дека Македонија одамна ги има исполнето критериумите за членство во НАТО и дека де факто дејствува како земја членка со учеството во мировните мисии...

Американскиот секретар на морнарицата Реј Мабус денеска во Скопје порача дека САД остануваат силен поддржувач на евроатлантските интеграции на Македонија.
На средбата во претседателскиот кабинет, претседателот Иванов истакна дека Македонија одамна ги има исполнето критериумите за членство во НАТО и дека де факто дејствува како земја членка со учеството во мировните мисии.
На средбата со претседателот на владата Никола Груевски, гостинот од САД бил запознаен со определбата за продолжување на реформите и вложувањата во одбранбениот сектор.
Американскиот секретар на морнарицата се заблагодари за учеството на македонските војници во мировните операции под раководство на НАТО.
